дома Европа СО СЛАНИНА ПО ЏАМИЈАТА: Пијани Пољаци со сланина гаѓале муслимани на молитва!

СО СЛАНИНА ПО ЏАМИЈАТА: Пијани Пољаци со сланина гаѓале муслимани на молитва!

Двајца Пољаци кои носеле темни униформи фрлале сланина врз муслиманите кои се припремале за вечерната молитва во џамијата Рахман во Камден во Велика Британија

Откако ги гаѓале муслиманите со сланина пред џамијата, Матеуш Павликовски и Пјотр Чак-Зукоски исто така фрлале со сланина во делот каде што биле оставени чевлите на верниците, а делови од сланината паднале и внатре во чевлите. Властите се загрижени поради безбедноста ги привеле и двајцата.

Пољаците успеале да избегаат од судирот со муслиманите, но набрзо потоа дошла полицијата ги пронашла и ги упасила со образложение за поттикнување на расна омраза.

„Ова е необичен и единствен случај. Двајцата обвинети се од Полска. Во цивилизираните, западни демократски држави секој има право да го изрази своето мислење и да ги корсити предностите на слободата на говор. Но постојат граници на кои мораме да се придржуваме“ рекол за „Мирор“ обвинителот Захид Хусеин. Тој додава дека двајцата ја преминале таа граница кога пијани се нафрлиле врз џамијата и верниците.

„За жал двајцата во овој случај ја преминале границата. Ова е злочин од омраза на високо ниво. Тоа е исламофобија. Двајцата престапници направиле дело кое е грубо навредливо“, рекол обвинителот.

Според медиумите, во Камден минатата година пораснал бројот на криминални дела на религиозна и расна основа од 422 во 2014 година на 531 во 2015 година.