дома Хроника СО ФАЛСИФИКУВАН ЗЕЛЕН КАРТОН СЕ ОБИДЕЛ ДА ПРЕМИНЕ ГРАНИЦА: На граничниот премин...

СО ФАЛСИФИКУВАН ЗЕЛЕН КАРТОН СЕ ОБИДЕЛ ДА ПРЕМИНЕ ГРАНИЦА: На граничниот премин Деве Баир преведено лице со фалсификувани патни исправи

Во текот на вчерашниот ден во 15:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ со патничко возило „Дачија логан“ со турска национална ознака допатувал Н.Ј.И.(52) од Република Бугарија.

При проверка на приложените документи било констатирано дека зелената карта за осигурување од автоодговорност од осигурителна компанија била фалсификувана.

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.