дома Локално СО ШИЛЕГОВ, И КРОКОДИЛИ ЌЕ НЕ НАПАДНАТ: Скопје како да нема градоначалник,...

СО ШИЛЕГОВ, И КРОКОДИЛИ ЌЕ НЕ НАПАДНАТ: Скопје како да нема градоначалник, комарците мутираат, градскиот парк претворен во мочуриште

Градскиот парк се дави во смет, а надлежните служби не реагираат, иако токму таму се наоѓа и седиштето на Град Скопје.

На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии од ужасната состојба во која се наоѓа Градскиот парк.

Паркот е полн со смет, а настрадаа и водените површини кои веќе подолго време се преполни со шишиња, кеси и разни отпадоци.

Додека градскиот татко Петре Шилегов се занимава со дневно политички настани, за состојбата со градската чистота имаме молк од општината.

Граѓаните реагираат за ваквата состојба и прашуваат дали Скопје има градоначалник.