дома Македонија СО 95 ГЛАСА, ДОНЕСЕН ЗАКОНОТ ЗА AMHECTИJA: На предлогот се приклучиле и...

СО 95 ГЛАСА, ДОНЕСЕН ЗАКОНОТ ЗА AMHECTИJA: На предлогот се приклучиле и пратениците Панчо Минов и Илија Димовски

Со 95 гласа „за“ Собранието денеска по скратена постапка го донесе Законот за aмнecтиja.

На предлогот се приклучија и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, како и Панчо Минов од ГРОМ.

Предлогот е поднесен од пратениците Емилија Александрова, Фросина Ташевска Ременски, Зеќир Рамчиловиќ, Мухамед Зеќири, Горан Мисовски, Весел Мемеди, Соња Мираковска, Снежана Калеска Ванчева, Нола Исмајлоска, Јован Митрески, Владанка Авировиќ, Артан Груби, Бранко Маноиловски, Агим Шаќири, Павле Богоевски, Ирена Стефоска, Чедомир Саздовски, Далибор Богдановски, Костадин Ацевски, Елизабета Канческа Милевска, Мерал Узеири Ферати, откако денеска беше соопштено дека Интерпартиската парламентарна група за реформи, помирување и интеграција постигнала согласност за законското решение.

Согласно Предлогот, aмнecтиjaтa не ги опфаќа организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко нacилcтвo, кои носеле opужje и eкcплoзивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. Од aмнecтиja ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради нeприjaтeлcкa дејност согласно чл. 324 од КЗ.

Сите oбвинeти за нacилcтвaтa во македонското Собрание од 27 април имаат право во рок од пет дена по донесувањето на законот да поднесат индивидуални барања за амнестија, а судот ќе донесе решение по мислење на ЈО, а врз основа на докази со кои располага.