April 23, 2024, 10:16 am

Спасеновски: Имаме нефункционално Собрание кое не овозможува функционирање во време на економска, здравствена и енергетска криза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаме нефункционално Собрание, а тоа произлегува како резултат на слабото, тесното парламентарно мнозинство. За да имате функционално Собрание кое ќе носи одлуки о закон треба поголемо мнозинство од 64-65 пратеници, има други настани и меѓународни активности и други обврски за пратениците. Не би можел да кажам дека мнозинството е зголемено со Алтернатива, вели за „Топ Тема“ на Телма, универзитетскиот професор, Александар Спасеновски.

Според Спасеновски имаме нефункционално собрание кое е тесно грло кое не овозможува функционирање на системот во целина особено во светло на економска, здравствена и енергетска криза. Тој додаде дека дали сега ќе има стабилно мнозинство ќе се види колку брзо се носат одлуките во Собрание.

-Ако зборуваме за новата влада ќе видиме со која брзина ќе се носат одлуките во Собрание, бидејќи владата е предлагач на 99% од законите. Ако нема мнозинство кое ќе овозможи беспрекорност во реализација на политиките на владата вие не може да создавате амбиент на реформи и спроведување на политиките кои ги ветувате, рече тој.

Спасеновски истакна дека новото раководство на СДСМ има голем проблем затоа што во владата според ресорите учествува само 30 до 35% и може да се доведе до ситуација желбата за предвремени избори кај нив да биде поголема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This