дома Македонија СПАСОВСКИ: Владата расчистува со kpиминалот, дури и ако станува збор за ДУИ

СПАСОВСКИ: Владата расчистува со kpиминалот, дури и ако станува збор за ДУИ

Владата нема интерес да не расчисти со kpиминалот, дури и кога станува збор за коалицискиот партнер ДУИ, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на гостување на 1 ТВ. Во отвореното студио Спасовски потврди дека не верува дека која било партија се плаши од расчистување со kpиминалот, дури и во своите редови, затоа што така се јакне демократијата во самите партии и се зголемува довербата кај граѓаните.

Политичките партии нема што да се плашат од расчистувањето со kpиминалот, па тој нека е и во сопствените редови. Така се јакне демократскиот капацитет и на самите политички партии. Така се зголемува и довербата на граѓаните во политичките партии.

Спасовски не смета дека има зголемување на kpиминалот во контекст на последните поголеми настани – yпaдот во Халк банка и бomбата во Мавровка.

Нема генерално зголемување на kpиминалот, наскоро ќе бидат објавени извештаите, напротив, има намалување.

За последните случаи, веќе се работи има доволно индиции, станува збор за коинциденција и се укажува дека е пресметка на kpиминални групи.