дома Македонија Спасовски: Досега МВР има приведено 17 лица во врска со пожарите

Спасовски: Досега МВР има приведено 17 лица во врска со пожарите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи посочи дека некои од пожарите во земјата се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе. Затоа, според него, мора да има посериозна одговорност.

„Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни. Сѐ уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка, ќе се поднесат соодветни пријави“, истакна Спасовски.

Постапката, како што наведува министерот, се води во координација со јавен обвинител и од таму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело.