Спасовски до CAД: Ви благодарам што ја вративме демократијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, на САД му честиташе Денот на независноста, а меѓудругото во пораката нагласи дека со помош на сојузникот било вратено демократското владеење во Македонија.

„Граѓаните на Република Северна Македонија не забораваат дека сте биле со нас и кога сме се соочувале со предизвици и кога сме постигнувале успеси, дека благодарение на вашата несебична поддршка успеавме да ја вратиме демократијата во нашата држава, да тргнеме во вистинската насока и во остварување на нашите стратешки цели – да станеме полноправна членка на НАТО, да продолжиме по зацртаниот пат кон Европската Унија, да изградиме стабилна и безбедна демократска држава, со подобрен меѓународен углед и поголеми слободи и права за граѓаните, за што од срце ви благодариме.

Силно верувам дека и во претстојниот исклучително важен период за нашата држава таа ваша поддршка во остварување на нашите стратешки цели ќе продолжи и ќе обезбедиме уште посилна динамика на развој на нашите меѓусебни односи, ќе ја продлабочуваме соработката во сите области од заемен интерес и заеднички ќе придонесуваме за просперитет на регионот, но и воопшто, во глобални рамки, како партнери и сојузници во НАТО.

Нека ви е честит 4 јули – Денот на независноста!“, се вели меѓудругото во честитката на Спасовски.

Честитка упати и премиерот Зоран Заев, во која не го крие задоволството од најавата на претседателот на САД, Џо Бајден, за поголемо присуство и активност во регионот.

„Соединетите Американски Држави денеска го прославуваат 4 Јули, Денот на независноста, ден со кој се одбележуваат 245 години од усвојувањето на Декларацијата на независноста.

Традицијата на американската демократија е водилка и инспирација за сите прогресивни демократии во светот. Посебно значајно е што новата администрација на претседателот Бајден го најави уште поголемото присуство на САД во Европа за реафирмација и развивање на силното транс-атлантско партнерство“, пишува во дел од пораката на Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This