Спасовски: Заев ќе биде запишан во историјата, носеше храбри и визионерски одлуки, кои што не можеа да ги разберат многу од граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во студиото на ТВ21 се осврна на оставката на Зоран Заев нагласувајќи дека сѐ што направил премиерот во заминување е историски факт и дека му е чест што бил негов соработник во изминатите години.

-Мора да признаеме сите, и тоа е историски факт за сето она што го направи Зоран Заев и како лидер на опозицијата во тој момент, и потоа како претседател на Владата. Направи многу храбри исчекори, се донесоа многу важни одлуки за иднината и за државата. Ми беше чест што бев соработник на Зоран Заев. Секогаш носеше одлуки кои се храбри и визионерски, и кои што не можеа да ги разберат многу од граѓаните, но одлуки кои се покажаа како исправни, рече Спасовски.

Во однос на оставката, Спасовски рече дека тоа е лична одлука на Заев, која е чекор кон демократизацијата и кон покажување на одговорност

„Тоа е лична негова одлука. Затоа напоменав што носеше како одлуки, и во вакви околности мислам дека ова исчекор повеќе кон демократизацијата и кон покажување на одговорност. Можеби тешко ќе ја разбере одлуката секој од нас во однос на оставките од двете функции. Сметав дека треба сериозно да се размисли во однос на тие одлуки, пред сѐ од аспект на државата“, рече Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This