дома Македонија СПАСОВСКИ: Иако доживеавме разочарување, прифативме дека стратегиската грешка бргу ќе биде поправена

СПАСОВСКИ: Иако доживеавме разочарување, прифативме дека стратегиската грешка бргу ќе биде поправена

По средбата со Вархеји, премиерот Оливер Спасовски орджа прес конференција на која меѓу другото истакна дека очекуваме одлука за почеток на преговорите со ЕУ пред самитот во мај.

Влегуваме во важен период во кој очекуваме сериозни исчекори напред кон реализација на една од нашите суштински стратешки цели-членството во Европската Унија, во кој со право очекуваме одлука за почеток на пристапните преговори во претстојните месеци после 15 години во чекалната со статус држава-кандидат за членство“, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната заедничка прес-конференција со еврокомесарот за соседска политика и за проширување Оливер Вархеји, кој е во еднодневна работна посета на нашата земја.

Со ништо нема да го загрозиме постигнатото поради што добивме и признание од Европската Комисија минатата година кога на Европскиот Совет му беше препорачано итно и безусловно стартување на пристапните преговорите. Препораката дојде како резултат на успешно спроведените темелни реформи и како резултат на храбрите одлуки за решавање на недоразбирањата со нашите соседи кои нашите аспирации за членство во ЕУ ги направија реалност. Ја очекувавме најавената одлука во октомври минатата година откако нашата земја направи сѐ што се очекуваше за да ги стартуваме преговорите.

Иако доживеавме разочарување, нагласи Спасовски, прифативме дека стратегиската грешка ќе биде поправена бргу и дека нашите резултати ќе бидат валоризирани според заслуженото иако со одложување.