дома Македонија СПАСОВСКИ НА МИНИСТЕРСКИ ФОРУМ ВО БУДВА: Справување со екс тремизмот во регионот...

СПАСОВСКИ НА МИНИСТЕРСКИ ФОРУМ ВО БУДВА: Справување со екс тремизмот во регионот на Западен Балкан

“Насил ниот екстре мизам како феномен добива големо внимание во меѓународната политика, и со право, поради зголемената свесност дека треба да се одговори на потеклото на теро ристичката активност, а не само да се фокусира на запирање на нападите. Справувањето со нас илниот ек стремизам всушност мора да вклучува холистички пристап чија цел е да ги испита и да ги разработи причините и факторите кои доведуваат до тоа поединци да прифатат екс трем истички идеологии“.

Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно обраќање на министерскиот Форум на отпорност на Западниот Балкан а посветен на темата – “колаборативни пристапи во справувањето со екс тремизмот преку дејствување“, што денес се одржува во Будва, Црна Гора, а во организација на Меѓународниот републикански институт и црногорското министерство за внатрешни работи. Посочувајќи дека ек стремизмот покрај опасностите од нару шување на општествената кохезија, односно продлабочување на поларизацијата по етничка и верска линија, како главна за кана, т.е врвен безбедносен приоритет за државите ја генерира и можноста од тер ористичко делување, министерот Спасовски нотираше неколку важни поенти од аспект на позицијата и активностите на Република Македонија на овој план.Балканските земји, меѓу кои и Република Македонија, пред сé поради геостратешката положба и специфичните етнички, социјални и политички карактеристики претставуваат погоден терен за стационирање и егзистирање на екстр емни и рад икални поединци и групи. Независно од нивната политичка, идеолошка или религиозна позадина, присуството на екс тремни поединци и групи и ширењето на рад икални ставови, идеи и заложби во регионот упатуваат на реална опа сност од вршење акти на нас илство со елементи на тер оризам“, нагласи Спасовски. Оттаму, приоритетен национален безбедносен интерес е изнаоѓање на најадекватни начини и средства за нивно спротивставување, користејќи ги инструментите кои се на располагање на современите држави.

Во тој контекст Спасовски потенцираше дека: “покрај низата законски и други релевантни акти како Националната стратегија за спречување на перење на пари и финансирање на те роризам и Национална стратегија за одбрана на Република Македонија, појдовна основа за институционално делување претставуваат и Националната стратегија за спречување на нас илен ек стремизам и Националната стратегија за борба против тер оризам, со пропратните Акциски планови, кои се одраз на севкупните цели и интереси на државата на планот на јакнење на националната безбедност“.

“Како одговор на безбедносните ри зици, Република Македонија постојано ги надградува своите национални капацитети, согласно безбедносната стратегија и напорите на меѓународната заедница за заедничка бо рба против тер оризмот, притоа исто како и сите земји во регионот и пошироко давајќи и императивен приоритет на бор бата против тер оризмот“, рече министерот Спасовски.