дома Македонија Спасовски не сака да коментира дали ќе биде дел од новата Влада

Спасовски не сака да коментира дали ќе биде дел од новата Влада

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција не сакаше да коментира дали ќе биде дел од составот на новата Влада.

Ништо нема да коментирам, а за сите идни случувања во овој дел ќе донесам дополнителна одлука, изјави министерот.

Собранието денеска ја констатираше оставката на Зоран Заев на премиерската функција, што повлекува и оставка на целата Влада. По констатирањето на оставката, се очекува парламентарното мнозинство за мандатар да го предложи новиот лидер на СДСМ и актуелен заменик министер за финансии Димитар Ковачевски.