дома Македонија СПАСОВСКИ: Новогодишната ноќ помина помирно од нашите очекувања

СПАСОВСКИ: Новогодишната ноќ помина помирно од нашите очекувања

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оцени дека новогодишната ноќ поминала мирно без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.

– Новогодишната ноќ измина мирно, без нарушување на јавниот ред и мир од поголеми размери, дури и под нашите очекувања. Лично очекувам дека ќе имаме успешна 2019 година и на сите граѓани на Република Македонија сакам да им посакам многу здравје, многу среќа, благосостојба во општеството, заедно да успееме да ги надминеме сите предизвици, заедно да учествуваме во изградбата на иднината на нашата земја и да ги почувствуваме благодетите од она што го работевме до сега – рече Спасовски.