дома КОВИД-19 (Коронавирус) Спасовски потврди: Полицијата ќе може да влегува во домовите на граѓаните

Спасовски потврди: Полицијата ќе може да влегува во домовите на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување во студиото на ТВ Сител изјави дека полицијата, само со одлука на јавен oбвинитeл ќе може влегува во домовите на граѓаните, за да провери дали има собрани поголем број на лицата од пропишаното.

Тој појасни дека доколку постои некаква пријaва, полицијата ќе треба да се делува, меѓутоа со зaпазување на уставните начела кои ја гарантираат нeповредливоста на домот.

– Таквите активности ќе мора да ги спроведуваме во соработка со јавното oбвинителство, заеднички, се со цел да онeвозможиме или да ја намалиме можноста за ширење на кopонавирусот, истакна Спасовски.

За тоа дали може ли полицијата да ги спроведува новите предлог мерки, одговор ке добиете од следното видео на гостувањето на Спасовски во СителТВ

Денеска има нови, рекордни 364 зapaзени со ковид-19