дома КОВИД-19 (Коронавирус) СПАСОВСКИ ПPИЗНА: Граѓаните ќе треба да платат дополнителни камати за одложувањето на...

СПАСОВСКИ ПPИЗНА: Граѓаните ќе треба да платат дополнителни камати за одложувањето на кредитите

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашната емисија Топ тема на телевизија Телма истакна дека, граѓаните ќе треба да платат дополнителни камати за одложувањето на кредитите.

-Ние можеме сега да побараме се да се одложи, во функција на некаква помош, но мораме да водиме сметка особено за банкарскиот систем или сектор и мораме да направиме се за истиот да го одржиме таков, посочи Спасовски.

Тој вели решиле да се помогне ,но секоја од банките да изврши одлагање за три до шест месеци.

На прашањето дали одложувањето е со дополнителна камата, тој рече дека точно е дека не е предвидено да се стопира каматата, но треба да се има во предвид дека треба да се одржува лиkвидноста на банките.

Новинарката Наташа Стојановска му посочи на Спасовски дека чесно е на граѓаните да им се каже дека ќе се одложат плаќањата на каматите, но на тоа тече дополнителна камата, затоа што на ваков начин се доведуваат до зaблуда, таа вели дека банките имаат повеќе од 100 милиони евра профит, и ниедна банка не ги намали кредитните стапки.

Спасовски на ова рече дека ова било повеќе од чесно, но морало да се одржи лиkвиден банкарскиот сектор.