дома Македонија Спасовски: Создаваме модерна, стручна и ефикасна полиција

Спасовски: Создаваме модерна, стручна и ефикасна полиција

Создаваме модерна, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција која ќе биде блиска до граѓаните, а обезбедувајќи подобри услови за работа добиваме поголема безбедност за граѓаните, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при посететата на Крива Паланка, по повод официјална промоција на реконструираниот објект на Одделението за внатрешни работи во оваа општина.

Како што рече, за тоа говорат намалениот број сообраќајни незгоди, големите заплени на дрога, оружје и пиротехника, како и многу други резултати на полицијата во изминатиот период.

Неодамна, посочи, промовирана е и набавката на пет пловни полициски објекти за зголемување на ефикасноста на езерската полиција и тие набавки се по повеќе од 30 години.

Спасовски посочи дека се врши и набавка на униформи и опрема за полициските службеници, а веќе е исплатена бонус-платата за 2017 година, а годинава ќе биде исплатен бонус плата за 2018 и 2020 година.