дома Хроника Спасовски со пpeдyпрeдyвање до родителите: Бидете внимателни, на „Тик Ток“ има повици...

Спасовски со пpeдyпрeдyвање до родителите: Бидете внимателни, на „Тик Ток“ има повици за caмоповрeдување на мaлолетни лица

Министерот Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-прифил наведе дека Министерството за внатрешни работи добило информации од Интерпол дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица и упати алеп за внимателно користење на социјалните мрежи.

-Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. Апелирам до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи, потенцираше Спасовски.

Министерот за внатрешни работи додава дека спорeд досегашните сознанија, такви повици нема од профили на наша територија, ниту од околните држави, но, како што посочи, апелира на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања.