дома Балкан СПАСУВАЧКА ДРАМА: По шест часа спасено момче кое беше заробено на Игман

СПАСУВАЧКА ДРАМА: По шест часа спасено момче кое беше заробено на Игман

Момче кое рано вчера изутрина останало заробено на планината Игман во Босна и Херцеговина е пронајдено и спасено околу 15 часот.По шест часа спасувачките екипи го извлекле од снегот и е пренесен во службата за итна медицинска помош.

„И покрај длабокиот снег кој го отежнува движењето на спасителите и на возилата, тие успеале да го пренесат момчето до медицинската установа“, информираат вечерва надлежните институции во Сараево.

Игман е планина во централниот дел на Босна и Херцеговина. Се наоѓа југозападно од Сараево. Највисокиот врв се наоѓа на надморска височина од 1.502 метри. Игман е популарна дестинација за планинарење и за скијање.