дома Актуелно СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА НАТО ВО 2001-ВА СЕ МАСКИРАА ВО ЖЕНСКИ МАНТИЛИ И ШАМИИ:...

СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА НАТО ВО 2001-ВА СЕ МАСКИРАА ВО ЖЕНСКИ МАНТИЛИ И ШАМИИ: Ивчева за извлекувањето на американските специјалци од Арачиново!

По однос на одликувањто кое го доби политичкиот советник на американската администрација Глен Нај, за активниот допринос при извлекување на 26 амеркански специјалци од Арачиново, побаравме и изјава од помошник-министерот за внатрешни работи во 2001-та Наталија Ивчева

По однос на наметната војна од 2001 година каде беше извршена чиста агресија од САД и НАТО на Македонија, преку терористите од ОНА-кои подоцна станаа борци за демократија и човекови права тоа што тогаш директно го кажувавме како функционери на МВР се потврдува и денес. Директната инволвираност на целата меѓународна заедница во војната беше повеќе пати потврдена и од нашите разузнавачки служби. Во сите кризни и окупирани воени жаришта каде немаа пристап македонските безбедносни сили и не ни беше дозволено да влегуваме. – вели Ивчева.
Што се однесува до Арачиново, таму војните дејствија на безбедностите сили беа всушност одбрана на Скопје. Разузнавачките информации ни говореа дека и покрај договорот со КФОР за заедничка заштита на македонско српската граница, на делот со Косово, во Македонија се уфрлени нови терористи, 30-тина вооружени и униформирани лица, кои веднаш се распоредиле на неколку локации во Арачиново., Од ова село требаше да започне нападот на албанските терористи врз Скопје. За да се олесни дејствувањето на македонските безбедносни сили се организираше безбедно напуштање на околу 3.500 жители од Арачиново . Што значи ако албанците од ова село ако ги подржувале ,, борците за човекови права“ немаше да го напуштаат селото. Започна пеколната пресметка со терористите и тие беа потиснати. Тогаш немавме официјални информации дека во составот на терористите има и специјалци од НАТо и други странски безбеднсони сили кои требало да раководат со освојувањето на Скопје. Но штом почна жестоката пресметка реакцијата и дрското однесување за прекин на акцијата од страна на меѓународните претставници веднаш ни потврди дека македонските безбедносни сили не се борат само со албанските терористи туку и против платеници на НАТО, САД и другите нивни европски соработници – образложува екс-помошник министерот.

Бидејќи бевме решителни во акцијата, уфрлените американски специјалци успеале да се извлечат заедно со жителите кои ги извлекувавме преоблекувајќи се во женски мантили и шамии. Но оние кои останаа заробени и кои требаше или да се предадат или да бидат убиени, тогашното Координатовно тело за справувцање со кризи каде претставниците на СДСМ, ДПА и ПДП им дозволи на силите на НАТО влез во Арачиново и на тој начин беа извлечени и ослободени и последните терористи и американски специјалци – објаснува Ивчева.

Слична на оваа ситуација беше и цензурирањето на информциите за бројот на загинати специјалци со униформи од странски држави кои учествуваа во терористичкиот напад во Диво Насеље.

Според Ивчева, тоа е добро позната стратегија на гореспоменатите сили кои се обидуваат на секој начин нивните специјални операции да ги кријат во тајност.