дома Политика СПИРО РИСТОВСКИ МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ НА КИЧЕВО: Продолжуваме со реформите во образование, здравство,...

СПИРО РИСТОВСКИ МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ НА КИЧЕВО: Продолжуваме со реформите во образование, здравство, земјоделие, економија

Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска е во посета на општина Кичево. Тој оствари средба со голем број на граѓани.

Со нив разговараше за проектите и реформите кои ги спроведуваа Владата, но и ги ислуша нивните проблеми и барања.

-Истовремено поразговаравме за сето она што се приоритети во делот на процесите кои што треба да продолжат за следниот период и се поврзани на централно, но и на локално ниво со развојот на општина Кичево. Во оваа прилика би сакал да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатака на вакви дирекни и непосредни средби и разговори со граѓаните да ги позиционира и димензионира следните свои активности за следниот период и следниот мандат со тоа што во исто време ќе ги пренесеме сите размислувања кои што ги имаме во делот на продолжување на реформите во делот на образованието, земјоделието, во здравството, во економијата, генерално и целокупниот економски раст на Република Македонија, рече Ристовски.

Ристовски рече дека се уверени во фактот оти целокупниот успех може да се добие и реализира само со довербата на граѓаните, а довербата на граѓаните е нешто коешто го красело ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десетина години.

– На еден начин целокупната активност и ангажман којшто ВМРО-ДПМНЕ ги имал граѓаните го потврдувале со голем број победи на сите избори досега, за разлика од нашите политички противници…Овојпат ќе понудиме најобемна програма убедени дека граѓаните повторно на 11 декември ќе бидат нашиот најголем сојузник, ќе бидат вистинскиот одговор на целата деструкција на СДСМ, нагласи тој.

– За разлика од нив коишто се обидуваат да креираат некакви вештачки сојузи со таканаречени невладини организации ние сме убедени дека на 11 декември народот на РМ ќе биде нашиот најголем сојузник и ова раководство на СДСМ на еден начин ќе го претрпи десетиот пораз со што и ќе биде испратено во историјата, нагласи Ристовски.