дома Европа СПОРЕД БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ: Принцот Чарлс сè поблизу до тронот

СПОРЕД БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ: Принцот Чарлс сè поблизу до тронот

Токму принцот Чарлс, според британските медиуми, успева да ги одржи сите смирени во Палатата во моментите на неизвесност и удар на монархијата.

Никогаш не бил толку почитуван од народот. 71-годишниот Чарлс, најстариот принц од Велс, успева да го стишува „циклонот“ од разделбата на Хари и Меган од кралското семејство, заземајќи двојна улога – како наследник на престолот и татко загрижен за иднината на неговиот син.

Токму принцот Чарлс, според британските медиуми, успева да ги одржи сите смирени во Палатата во моментите на неизвесност и удар на монархијата. Прифатена одлуката на парот, која ја искажа Кралицата, всушност ја откри стабилната рака и прогресивниот стил на најстариот син, принцот Чарлс.

Според голем број Британци, ваквото однесување на Чарлс е однесување на вистински крал.