дома Европско првенство Според правилникот Арнаутовиќ може да зaработи kaзнa од десет натпревари

Според правилникот Арнаутовиќ може да зaработи kaзнa од десет натпревари

Европската куќа на фудбалот отвори дисциплинска постапка на барање на Фудбалската федерација на Македонија, која вчера изрази остра осуда на инцидентот и побара максимална казна за австрискиот репрзентативец.

Вербалниот инцидент се случи во 89. минута од натпреварот непосредно откако Арнаутовиќ го постигна третиот гол во победата на австриската репрезентација од 3:1 по што упати вербални навреди кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Дисциплинскиот правилник на УЕФА предвидува минимална казна од 10 натпревари доколку фудбалерот биде прогласен за виновен за навреди на расна и етничка основа