дома Локално СПРЕЧЕН КАТАСТРОФАЛЕН ПОЖАР: За малку ќе изгореше Градската шума во Струмица!

СПРЕЧЕН КАТАСТРОФАЛЕН ПОЖАР: За малку ќе изгореше Градската шума во Струмица!

За малку ќе изгореше преостанатиот дел од Градската шума во Струмица која во 2012 во подметнат пожар речиси во целост изгоре

Благодарение на брзата интервенција на Противпожарната единица во Струмица пожарот е брзо локализиран и спречена е поголема несреќа. На лице место освен пожарникарите беше и директорот на ПШС „Беласица“ Кире Михаилов.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Малку недостасуваше да ја испратиме старата 2016,а да ја дочекаме Новата 2017 година со поголем пожар на Градската Шума, на делот кој единствено остана неопожарен во големиот пожар во 2012 година. Благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Струмица беше локализиран истиот при што штетата беше сведена на минимум. На лице место беа Директорот на ПШС “Беласица” Струмица Кире Михаилов и Шефот по заштита Панчо Котев. – стои во известувањето на ПШС „Беласица“[/kopa_block_quote]