дома Актуелно СПРЕЧЕН ОБИД ЗА БЕГСТВО НА ТЕРОРИСТИТЕ ОД ЗАТВОР: Разузнавачите осуетиле обид за...

СПРЕЧЕН ОБИД ЗА БЕГСТВО НА ТЕРОРИСТИТЕ ОД ЗАТВОР: Разузнавачите осуетиле обид за бегство – терористите префрлени во Охридскиот затвор?

Центарот на Охрид, објектите на СВР Охрид и охридскиот затвор од вчера се под силно полициско обезбедување, откако, според неофицијалните информации, таму биле префрлени неколкумина обвинети во случајот Диво Насеље.


Вчера попладне центарот на Охрид бил блокиран од полициски сили, а на клучните локации на маршрутата по која минувал конвојот со возила, имало специјалци под полна опрема.

Од надлежните сѐ уште нема официјална потврда или демант дека навистина се работи за префрлање на обвинети од Диво Насеље, но кај граѓаните, според информациите отаму, има вознемиреност, а не престануваат ни коментарите.

Терористите од Диво Насеље се пренесени во затворот во Охрид од како претходно властите добиле информации од разузнавачките служби дека некој групи подготвуваат акција за нивно ослободување – дознава Охрид1 од свои извори.

Официјална потврда за овие тврдења сеуште нема.

 

Фото: Meta.mk
Видео: Охрид1