дома Македонија СПРИО И МИЛЕ БИЛЕ HAMECTEHИ ДА БИДАТ ПPETEПAHИ: Oбвинeтитe во 27.април сведочат...

СПРИО И МИЛЕ БИЛЕ HAMECTEHИ ДА БИДАТ ПPETEПAHИ: Oбвинeтитe во 27.април сведочат дека Спиро и Миле биле наместени!

За време на завршниот збор на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа во дел од телефонските комуникации кои ги имал на 27 април 2017 го спомена и Спиро Ристовски, тогашен министер за образование.

 

Кога Нинџа го спомна неговото име во судница обвинетите гласно искоментиураа дека денес тој и Миле Јанакиески биле нападнати во истражниот затвор во Шутка. За нападот ја известија и судијката Добрила Кацарска која беше изненадена од ваквата информација и праша дали имаат и какви се нивните повреди. Дел од обвинетите и адвокатите искоментираа дека Јанакиески најветојатно завршил со скршена рака.

На паузата по дел од завршните зборови на Василевски, обвинетите излегувајќи од судница гласно коментираа дека Ристовски и Јанакисески биле наместени за да бидат нап аднати во затворот.

Во тек е завршниот збор на Нинџа. Во судот се чека да пристигне и брзата помоша која беше повикана откако обвинетиот Никола Митровски – Кољо се пожали дека има силна главоболка и дека не му е добро

Завршните зборови на последните двајца обвиенти траат веќе три часа.