Спутник V наскоро со производство во Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Произведувачот на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ покажал интерес за производство на овој препарат во Германија, пренесуваат германските медиуми во вторникот.

„Московскиот Институт ‘Гамалеја’ и државниот Руски фонд за директни инвестиции (РДФИ) ја контактираа фармацевтската компанија ИТД Биологика во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт поради можност за производство на вакцината ГАМ-Ковид-Вак попозната под името Спутник V“, пренесе јавниот сервис, повикувајќи се на информации од сојузното министерство за здравство.

„ИДТ Биологика“ е фарамцевтска компанија со седиште во Десау и со погони во Магдебург и во САД, а се занимава со производство на лекови по налог. Во оваа компанија, којашто во времето на комунистичката Источна Германија се произведувале вакцини, не сакале да ги коментираат евентуалните преговори со произведувачот на „Спутник V“.

Во „Идт Биологика“ и самите работат на пронаоѓање вакцина против коронавируот, но првите тестирања на вакцините развиени во оваа компанија минале неуспешно. Германското министерство за здравство исттражувањето на „ИДТ Биологика“ на вакцината против коронавирусот го субвенционирало со 114 милиони евра.

Вакцината „Спутник V“ беше првата во светот која доби одобрување за употребна во август 2020 година, но наиде на скепса на Западот, наводно поради недоволните сознанија за исходот од финалната трета фаза од клиничките испитувања.

Вакцината е направена на докажана и добро проучена платформа на човечки аденовирусни вектори, чии важни предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни негативни последици. Ефикасноста на „Спутник V“ е над 90 проценти, вакцината обезбедува целосна заштита од тешки случаи на ковид-19.

Вакцината е веќе одобрена за употреба во Русија, Белорусија, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Унгарија, Србија, Боливија, Алжир, Иран, Палестина, Венецуела и други земји. Исто така, инициран е процес на регистрација во Европската унија и Светската здравствена организација.

Германскиот јавен сервис, цитира изјава на стручњак за фармацевтската индустрија кој контатктирал на рускиот производител на „Спутник V“ со источногерманската фармацевтска компанија „ИДТ Биологика“ го оценува како „логичен чекор“.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан во неделата во изјава за медиумите искажа отвореност за сите вакцини, вклучително и руските и кинеските, кои ќе го минат процесот на издавање дозволи во ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This