дома Религија СПЦ ПОЛЕКА СИ „ЛЕГНУВА НА БРАШНО“: Српскиот Владика Амфилохие го ословува г.г.Стефан...

СПЦ ПОЛЕКА СИ „ЛЕГНУВА НА БРАШНО“: Српскиот Владика Амфилохие го ословува г.г.Стефан како архиепискот Охридски и Македонски!

Српскиот владика Амфилохие, кој е голем противник на македонска црковна автокефалност, го ословил поглаварот на МПЦ г.г. Стефан со неговата полна титула – архиепископ охридски и македонски, во писмо испратено до Синодот на МПЦ, пишува дневниот весник „Дневник“.

Вакво обраќање се случило деновиве во писмото што Црногорско-приморскиот митрополит на СПЦ го испратил до Синодот на Македонската православна црква, во кое бара да му биде отстапено мало парче од моштите на свети Јован Владимир, кои се чуваат во охридската црква „Свети Никола“.
Како што ексклузивно неодамна објави „Религија.мк“ Амфилохие најави дека од македонските владици ќе побара да се согласат да дадат дел од моштите на светителот кој бил зет на царот Самуил за да ја зголеми свеченоста по повод осветувањето на големата црква која ќе му биде посветена во црногорскиот град Бар на 25 септември.
Во писмото, овој српски митрополит замолува да биде дозволено давање мало парче од моштите, кое потоа би било донесено во овој црногорски град каде што свети Јован Владимир посебно се чествува. На ова писмо му претходел и телефонски разговор меѓу Владиката Амфилохије и Митрополитот Тимотеј.