Спaceни 267 мигpaнти нa пaт oд Тунис кoн Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крајбрежната стража на Тунис спасила од давење 267 мигранти откако им се расипал бродот на пат кон Европа.

Спасувањето на мигрантите, главно од Бангладеш, било изведено крај крајбрежниот град Бен Гуердане – информира за ДПА, Мунџи Салим, шеф на Црвената полумесечина во јужната туниска провинција Меденини.

Од хуманитарната организација наведуваат дека ова е најголем број спасени мигранти крај тунискиот брег во една операција.

Мигрантите, од кои 264 беа од Бангладеш и тројца од Египет, се смета дека тргнале од либискиот град Зувара – вели Салим.

Засега останува нејасно дали има удавени меѓу мигрантите од бродот.

Илјадници мигранти секоја година ги ризикуваат своите животи преминувајќи од Тунис и Либија во потрага по подобар живот во Европа.

Најмалку 41 мигрант починаа во април, откако нивниот брод потона крај тунискиот брег

Според Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ), само годинава во водите на Медитеранот се удавиле повеќе од 550 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This