дома Македонија Спacoвски и 3aeв на иcта миcла: Beтото е голема гeocтгратешка гpeшка зa...

Спacoвски и 3aeв на иcта миcла: Beтото е голема гeocтгратешка гpeшка зa Бугapија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го повтори ставот на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев кој рече дека одлуката на Бугарија е тешка геостратешка грешка.

Сериозна геостратешка грешка на Бугарија, која ги негира своите ставови, и мотото со кое претседаваше со ЕУ, а тоа е да направиме се за Балканот. Неотворањето на европската перспектива на земјите од Балканот, нема да донесе штета само на Македонија и на Албанија, ќе ѝ нанесе сериозна штета и на Бугарија, рече Спасовски во Клик плус на ТВ21.

Министерот за внатрешни работи смета дека стабилен Балкан, значи и стабилна Европа.

Балканот е елемент за стабилност и на Европа. Сите знаеме што се случуваше во периоди кога имало било каков немир во земјите од Балканот, додаде Спасовски, кој рече дека земјата и понатаму ќе биде посветена на европскиот пат, и дека нема алтернатива членството на Европската Унија.