дома Македонија Спacoвски: Полициckиот чac е резултат на гpyпирањата и домaшнитe вeceлби

Спacoвски: Полициckиот чac е резултат на гpyпирањата и домaшнитe вeceлби

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека полицискиот час кој се воведува од 22 часот до 05 наутро е резултат на групирањата и домашните веселби.

„Дали кога ќе седиме во кафани, во ресторани, во групирања, правење на домашни веселби, не размислуваме дека секој од нас е потенцијална опасност за преност? Одлуките кои што мораме да ги донесеме, никој не ги посакува, меѓутоа тие се резултат на однесувањето на сите нас. Ако не почитуваме, ако не носиме заштитна опрема, ако се групираме, тогаш државата во одреден момент мора да изреагира“, рече Спасовски.

Владата на дневен ред денеска на редовната седница треба да го потврди предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час.