Спopeд Блумберг: Co oвa тeмпo нa вakциниpaњe, живoтoт ќe ce вpaти вo нopмaлa дypи зa 7 гoдини??

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според сметачот на Блумберг на земјите ќе им требаат 7 години за да вакцинираат 75% од својата популација.

Според Блумберг досега се дистрибуирани повеќе од 119 милиони дози вакцини против коронавирус во 67 земји во светот. Агенцијата процени дека најголемата кампања за вакцинација во историјата е во тек и дека дневно се дистрибуираат околу 4,54 милиони дози на вакцини.

Додадено е дека досега повеќе луѓе во САД примиле барем една доза на вакцина отколку што била позитивна за вирусот корона и дека биле распределени 36,7 милиони дози.

Американските научници како Ентони Фаучи сугерираат дека ќе бидат потребни 70% до 85% покриеност на населението за работите да се вратат во нормала. Блумберговиот следач на вакцини покажува дека некои земји далеку побрзо напредуваат од други, а целта им е 75% покриеност со вакцина во две дози.

До бројката од 7 години е дојдено со пресметување на моменталната стапка на вакцинирање. Со зголемувањето на бројот на вакцинации, времето потребно за да се достигне прагот од 75% ќе се намали, вели Блумберг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This