Спopeд Филипчe зaceгa нeмa дa имa нoви pecтpиктивни мepки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По иницијалното зголемување на бројот на случаи со ковид-19 состојбата повторно се стабилизира, затоа засега нема да има нови рестриктивни мерки, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки. Искрено се надевам дека никој од нас ниту ние, ниту нашата земја, ниту целиот регион заради тоа што очигледно дека насекаде има иста или слична епидемиолошка ситуација, нема да се соочиме со таква ситуација да треба да препорачаме рестрикција, рече Филипче.

Според него, првиот чекор би бил некоја форма на поблаги рестриктивни мерки, го најавиле ограничувањето на јавните собири, односно целосната забрана во некои општини, региони каде што ќе сметаат дека бројките и начинот на пренос укажува дека има начин на трансмисија на вирус што треба да се запре со таков начин на рестрикција.

Потенцира дека маските на отворено засега не се задолжителни, меѓутоа доаѓа есенски, зимски период во кој луѓето треба да се штитат и од настинки и од сезонски грип.

Исто така во повеќе меѓународни списанија се укажува дека е можно и ПМ честичките во ситуација кога има загадување да бидат преносители на вирусот. Значи тоа се аргументите кои ние ги евалуираме и врз основа на кои носиме препорака каква мерка ќе се донесе, рече Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This