дома Социјални Мрежи СРАМНО И ЖАЛНО ЗА 24ВЕСТИ: Ако професорот Чепреганов е во право, тогаш...

СРАМНО И ЖАЛНО ЗА 24ВЕСТИ: Ако професорот Чепреганов е во право, тогаш референдумот е болна психопатолошка работа

Професорката Билјана Ванковска на својот ФБ профил, силно ја осуди намерата на провладината телевизија „24Вести“ да го злоупотреби професорот Чепреганов во политички цели, односно во оценка на наводната „шизофренија“ која се води во врска со промената на името, како основна цел на референдумот и договорот со Грција

Ова е случај кога ќе те викнат во ТВ студио божем да зборуваш за научни достигања, за да те искористат (доброволно) за политички цели. Зборуваш како научник, за на крајот во последните три минути да си го поплукаш сето знаење и сите светски признанија заради давање „имотен лист“ на политиката и власта, по пат на дијагностицирање на цела нација. Кога тоа го прави Денко Малески, секогаш можете да кажете дека не е компетентен – но, го повикале компетентниов за да ни порача дека сме параноични и шизофрени затоа што не сакаме да ни сменат личен опис. Конечно, ако професоров Чепреганов е во право, тогаш референдумот е по дефиниција БОЛНА, психопатолошка работа, затоа што во себе ИМАНЕНТНО го содржи и одговорот „НЕ“. За него – жално, за 24 вести – срамно!