дома Македонија СРАМОТ РУШИ РЕКОРДИ НА „ЈУТЈУБ“: Се цензурираат коментари на видео обраќањето на...

СРАМОТ РУШИ РЕКОРДИ НА „ЈУТЈУБ“: Се цензурираат коментари на видео обраќањето на Заев кое го сруши рекордот на непопуларност!

Обраќањето на Зоран Заев по повод донесувањето на Законот за двојазичност веројатно ќе остане запаметено како едно од нај инфамозните обраќања на некој политичар во македонската историја. Незадоволството на граѓаните од ова катастрофално законско решение е очигледно, со донесувањето на законот се силуваше уставно правниот поредок и се силуваше парламентарниот систем.

До овој момент видеото во кое Заев ја оправдува двојазичноста има преку 1800 дислајкови и само 41 лајк, а контото на луѓе на кои не им се допаѓа ова обраќање постојано расте.

Цензурата на коментарите на видеото е уште по интересна од една влада која ветувапе ,,транспарентност’’, ,,дебата’’ и ,,слобода на говор’’. Сега се случува токму спротивното коментарите на видеото на Јутуб не беа јавни и не можеа да се видат за на крајот коментарите целосно да бидат неоспособени. На социјалните мрежи Фејсбук и Твитер пак сите оние корисници кои пишуваат негативни коментари на официјалните страни на високите партиски функционери на СДСМ, страната на СДСМ и страната на Зоран Заев се блокирани и не можат ниту да ги следат содржините ниту пак понатаму да коментираат. Со оваа цензурата на хунтата го покажува стремежот кон креирање на тоталитарен, еднопартиски систем на СДСМ, а крајната цел е едноумието.