дома Социјални Мрежи СРАМОТ СИ Е НА ЗАЕВ, МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НЕШТО ДРУГО: Македонците нема што...

СРАМОТ СИ Е НА ЗАЕВ, МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НЕШТО ДРУГО: Македонците нема што да се извинуваат, срамот е на Заев

Професорот Љубомир Цуцуловски го оцени како личен срам на премиерот Зоран Заев извинувањето до Бугарите дека Илинденско востание го нарекол македонско, а Македонците нема за што да се извинуваат, ниту причина да се срамат.


-НЕГОВ СРАМ. Извинувањето на Заев пред бугарското раководство, како и пред бугарската држава затоа што Илинденското востание го нарекол македонско, е само негово лично извинување и само негов личен срам. Македонците нема што да се извинуваат, ниту имаат потреба да се срамат од непромислените изјави на овој човек, затоа што тој е едно, а тие се нешто друго -, напиша филозофот, писател, есеист и теоретичар на својот профил на „Фејсбук“.