Србите гнeвни: „Нема да дозволиме Приштина да нè стави во гета и да го ykине правото на cлобода на движење“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалниците на четирите српски општини на северот на Косово го одбија предлогот на командантот на КФОР специјалните единици на косовската полиција да се заменат со војници на КФОР. Како што наведоа, овој предлог едногласно го одбиле по консултацијата со граѓаните.

„Нашиот народ и ние неговите претставници не сме спремни да се согласиме со намерата на Приштина да нè стави во гета и да го укине правото на слобода на движење, што е вредност на модерна Европа децении наназад и која мора да важи и за Србите на овие простори“, наведуваат во соопштението.

Додаваат дека поради едностраната одлука на Приштина Србите веќе девет дена се на протести на административните премини Јариње и Брњак и ќе останат колку што е потребно.

„Лага е тоа дека ни пречи националноста на оној што ни ги зема табличките, туку самата намера тие да бидат тргнати. Каква униформа и да носи тој што ни ги зема. А присуството на до заби вооружените специјалци кои претепуваат голораки Срби е причината за масовноста и истрајноста на нашиот народ во борбата за правото на слобода на движењето“, се истакнува во соопштението на градоначалниците на четири српски општини на северот на Косово.

Тие ја повикаа Приштина да ја врати состојбата на периодот пред 20 септември годинава, да ги повлече своите оружени формации и преку дијалог со Белград да најде соодветно решение.

„Сè друго само ќе ја вжешти и онака жешката ситуација која со мака нашите претставници ја држат под контрола, додека од другата страна нашиот народ е малтретиран од специјалците на РОСУ“, порачаа градоначалниците.

Тие со ова соопштение одговорија на изјавата на косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечија, кој кажа дека КФОР понудил специјалните единици да се повлечат, кажувајќи дека таа понуда ја прифатиле косовските власти, но дека Србите ја одбиле, и дека според него ова одбивање ја открило нивната вистинска цел, а тоа е политичката цел за блокирање на Јариње и Брњак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This