April 25, 2024, 12:29 pm

Србите пpeдадени: Грција ќе го признава Косово?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот министер за надворешни работи Никола Дендијас во интервју за весникот „ Real News“ зборува за можно признавање на Косово од страна на Грција.

Шефот на грчката дипломатија даде коментар на три „жешки“ прашања, односите на Грција со Турција, спроведувањето на договорот од Преспа и прашањето за Кипар и Косово.

Поврзано со новата проширена улога на косовското дипломатско претставништво во Атина и двете посети на Приштина во рок од неколку месеци, на Дендијас му е поставено прашањето дали Грција планира да го признае Косово и дали тој акт е против меѓународното право.

„Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е приоритетно прашање, затоа што стабилноста во регионот директно влијае на безбедноста на нашата земја. Ние не сме за создавање на „црни дупки“ на нашиот север. Иако нашиот став за косовскиот статус не е променет, ние го задржуваме конструктивниот став и го поддржуваме дијалогот меѓу Приштина и Белград. Што се однесува до законитоста на признавањето на независноста на Косово, Меѓународниот суд за правда во Хаг во 2010 година пресуди дека прогласувањето на независност на Косово не претставува кршење на меѓународното право, затоа што не е производ на употреба на илегално насилство осудено од Советот за безбедност и затоа што тоа било прогласување на псевдо-држава. Со распаѓањето на Советскиот Сојуз и Југославија, основани се многу нови држави, од кои ниту една не е резултат на надворешни напади“, одговори Дендијас, пишува Б92.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This