Србија ги зaocтрува мерките поради корона вирусот омикpон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради новиот вид на корона вирусот омикрон, Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ предложил листа на земји кои се со посебен ризик од ширење на вирусот, дознава српски Телеграф.

На листата се Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Мозамбик и Малави.

Предлогот е патниците кои доаѓаат од овие земји или престојувале во нив во претходните 14 дена, без разлика од која земја влегуваат во Србија, веднаш по слетувањето на аеродромот „Никола Тесла“ да се тестираат со PCR метода и да останат во простор и изолација на аеродромот додека не се добијат резултатите.

Во случај на позитивен наод, брзата помош со изолација со сите заштитни мерки ги носи во Ковид болницата „Батајница“.

Според српски Телеграф, новите мерки ќе почнат да важат од утре.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This