дома Балкан Србија ги oтовopa кaфyлињaтa и pecтopaнитe дo пoлнoќ

Србија ги oтовopa кaфyлињaтa и pecтopaнитe дo пoлнoќ

На денешната седница на српскиот Кризен штаб беше одлучено работата на угостителските објекти да биде продолжена до полноќ, а во киосците може се купува како порано, од 00 до 24 часот, пишува „Блиц“.

Дека животот во Србија полека се враќа во нормала сведочи и продолженото работно време на киносалите, па последната проекција ќе биде во 23 часот.

Една од најважните одлуки се однесува на надоместот од 3.000 динари (1.500 денари) за вакцинирани лица, кој, како што одлучи Кризниот штаб, ќе можат да го добијат сите што ќе аплицираат за вакцинација денес до полноќ.

Во наредните денови ќе се донесе одлука за матурските прослави, како и правилата според кои тие би можеле да се одржат.

На денешната седница исто така беше одлучено да се укине бесплатниот ПЦР-тест за оние што патуваат во Германија.