дома Европа СРБИЈА И АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО КОН ЕУ: Австрискиот канцелар најавува брз влез на...

СРБИЈА И АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО КОН ЕУ: Австрискиот канцелар најавува брз влез на Србија и Албанија поради опасност од Русија – Македонија ќе почека!

„Европа не треба Балканот да го препушти на некој друг. За мене тоа значи забрзано примање на Србија во ЕУ. Би можеле да размислиме и за Албанија“, истакнал Австрискиот канцелар

Европските вредности нам ни се поважни од економската корист која може да ја донесе укинувањето на санкциите против Русија, изјавил Австрискиот канцелар Кристијан Керн.

„Русија е важен економски партнер, со кој многу од нас се поврзани и на кој Австрија историски многу им должи“, изјаивл Керн, одговарајќи на прашањето дали Русија е партнер на ЕУ.
Зборувајќи за санкциите и за барањата на претставниците на австрискиот бизнис истите да бидат укинати, претседателот на Австриската влада истакнал дека „од економска гледна точка би било важно укинувањето на санкциите. Нивното преиспитување исто така е правилнот пат“, изјавил Керн, а пренесува „Взгљад“.

„Но почитувањето на европските вредности треба нам да ни биде посилно од краткорочниот економски успех“, додава австрискиот канцелар.

Канцеларот исто така смета дека Европската унија треба да ја следи ситуацијата на Балканскиот полуостров и дека не треба да ја пропушти можноста со вклучување на Србија во унијата.

„Многу сме заинтересирани за процесите на Балканот“, изјавил Керн.

Според неговите зборови, ЕУ гледа голем интерес за Балканот и од страна на Русија и Турција.

„Европа не треба таа територија да ја препушти на некој друг. За мене тоа значи забрзан прием на Србија. Би можеле да размислиме за Албанија“, рекол канцеларот.