дома Балкан СРБИЈА НЕМА НАМЕРА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО: Вучиќ го елаборираше ставот дека...

СРБИЈА НЕМА НАМЕРА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО: Вучиќ го елаборираше ставот дека Србија ќе биде воено неутрална и нема да влегува во НАТО!

Србија нема да бара членство во НАТО, но се наоѓа на европскиот пат

Србија се наоѓа на европскиот пат, но не планира да пристапи во НАТО, рекол во петокот српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува руски ТАСС.

„Пред девет дена бев во Брисел, во седиштето на НАТО, а пред челниците на 29 држави членки на Сојузот реков дека Србија нема аспирации да се приклучи на НАТО“, рекол Вучиќ, кој наскоро планира да ја посети Москва, пренесува ТАСС.

„Србија ќе ја зачува својата воена нетуралност, тоа беше и ќе биде српската политика.“