дома Балкан СРБИЈА: Одбележан денот на независноста!

СРБИЈА: Одбележан денот на независноста!

Србија денес го одбележа денот на независноста, во знак на сеќавање на 15ти февруари 1804, денот на првото српско востание. Централната церемонија беше одржана во Орашац.

На церемонијата присуствуваа претставници на власта, на српската војска, дипломатски претставници и граѓани кои го носеа српското знаме.

Претседателот на владата на Србија одржа говор во кој истакна дека Србите треба храбро да чекорат кон иднинатапреку препреките како што тоа го правеле и нивните предци.

Покрај неа говор држеа и претседателот на Република Српска и Владиката Јован.

Церемонијата заврши со културно уметнички настан.