дома Балкан Србија ja дoби пpвaтa жeнa пилoт нa бopбeниoт aвиoн „Opeл“

Србија ja дoби пpвaтa жeнa пилoт нa бopбeниoт aвиoн „Opeл“

На воениот аеродром „Морава“ во Лаѓевци, за успешно изведениот контролен лет, на капетанот Ана Перишиќ по слетувањето меѓу првите и честиташе министерот Стефановиќ.

Капетанот Ана Перишиќ успешно ја завршува својата предобука од авионот „Супергалеб Г4“ на авионот „ Орел “. Зборувајќи за своите впечатоци по првиот самостоен лет, таа истакна дека е тешко да се опише со зборови, а на прашањето како се чувствува како прва жена пилот што го постигнала тоа, таа одговори дека тоа е задача што ќе се труди да ја исполни најдобро што може.

Летот беше безбеден и јас сум задоволна од тоа како го изведов. Предизвик ми е да летам сама со тој авион по контролниот лет – истакна капетанот Ана Перишиќ, која припаѓа на првата генерација жени пилоти кои студирале на Воената академија за тој повик.