дома Македонија Српските хеликоптери од Македонија ќе заминат да гаснат пожари во Атина

Српските хеликоптери од Македонија ќе заминат да гаснат пожари во Атина

Српските пожарникари кои беа испратени во Македонија за да помогнат со гаснење на пожарите, денес ќе заминат за Атина каде што ситуацијата е алармантна и потребна им е помош за справување со огнената стихија која зафати илјадници хектари шума.

– Освен хеликоптерите коишто се лимитирани, а каде што на помош ни дојдоа српски хеликоптери коишто денес заминаа, и мислам дека заминуваат за Атина каде што ситуацијата е ептен сериозна, рече во денешната изјава од Будинарци директорот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Тој додава и дека имаме доволно ресурси на терен и без српските хеликоптери, но и дека се уште остануваат на терен екипите од Бугарија, Словенија и Австрија.

– Останатите ресурси се доволно, односно ние имаме доволно противпожарни единици на терен особено ако ги земеме во предвид и единиците коишто дојдоа од страна, овде имаме голем број на пожарникари од Австрија коишто се исклучително професионални со исклучително добра опрема , имаме пожарникари од Словенија со исто така одлична опрема и тренинг и пожарникари од Бугарија, вели Ангелов.

На терен е активен и романскиот авион “Xеркулес” кој ќе делува врз пожарите додека има потреба.

– Воедно во текот на денешниот ден дејствува и еден романски авион коишто во овој момент гасне во скопскиот регион, а истиот по потреба може да биде упатен и на друго место, изјави Ангелов.