дома Актуелно СРЕДБА ИВАНОВ-ПУТИН: На крајот на овој месец, Македонскиот претседател ќе оствари средба...

СРЕДБА ИВАНОВ-ПУТИН: На крајот на овој месец, Македонскиот претседател ќе оствари средба со Владимир Путин

Од 22 до 24 мај претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе биде во официјална посета на Москва и ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јавува руската државна агенција ТАС.

Одговарајќи на новинарското прашање на ТАС „Кога ќе се сретнат Иванов и Путин?“, Јури Ушаков, портпарол на претседателот на Руската Федерација, одговорил дека средбата ќе се одржи кон крајот на месецов.

ТАС објавува и дека македонската амбасада во Русија најавила до Кремељ дека Иванов ќе дојде во дводневна работна посета од 22 до 24 месецов.

– За време на посетата, се очекува Иванов да добие признание од Интернационалната фондација за единство на православните христијански нации, наградата го носи името на патријархот Алексеј Втори – јавува ТАС.