дома Македонија СРЕДБА МИЦКОСКИ-ОРБАН: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со унгарскиот премиер

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ОРБАН: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со унгарскиот премиер

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан се сретна со лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е во посета на Австрија и на Унгарија.

Според агендата, Мицкоски денеска и утре ќе престојува во Виена, Австрија и во Будимпешта, Унгарија.

Мицкоски на средбата со Орбан е во придружба на Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, а за средбата јавува и весникот „Hungary journal“.

На средбата се разговварало за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно дејствување во пресрет на претстојниот конгрес на Европската народна партија и изборот на новото раководство.