Средба на обвинителкатa Русковска со евроамбасадорот Гир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Функционирањето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, неговата кадровска екипираност, како и идните планови во врска со преселувањето во новите простории, беа теми на разговор на средбата меѓу обвинителката Вилма Русковска и претставници на Делегацијата на Европската Унија во земјава, предводени од амбасадорот Дејвид Гир.

Едночасовната средба што се одржа вчера во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, била од протоколарен карактер.

– Истакнувајќи го своето задоволство за работењето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, амбасадорот Гир понуди помош од Европската Унија за уште поефикасно и поефективно работење на ова Обвинителство, се наведува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This