дома Политика Средба на Шилегов со градоначалникот на Тирана, Велиај

Средба на Шилегов со градоначалникот на Тирана, Велиај

Градоначалникот Петре Шилегов денеска имаше средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој е во еднодневна посета на Скопје. На средбата, двајцата градоначалници разговарале за досегашната успешна соработка меѓу Скопје и Тирана и за можностите таа соработка меѓу двата збратимени града да се продлабочи.
Како што информираат од Град Скопје, на состанокот се зборувало и за концептот на зелени градови, планирањето на просторот и за урбаната отпорност, актуелни теми кои ги засегаат и двете локални самоуправи.

-Шилегов и Велиај дискутираа и за можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Тирана и за концептот на паметни градови. Тие разменија позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена. По средбата, двајцата градоначалници возеа велосипеди низ Градскиот парк, го посетија Дино паркот и направија прошетка до новата тартан патека во паркот, стои во соопштението