дома Локално СРЕДЕ ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА: Маврово тонee во ѓубре

СРЕДЕ ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА: Маврово тонee во ѓубре

Брегот на Мавровско Езеро не памтиме кога последен пат бил чист, а територијата на која владее ѓубрето од година во година се зголемува. Годинава таму веќе не се шета, зашто од фрлените и заборавени отпадоци не можете да видите ни трева, ни цвет, а богами додека да се пробиете низ купиштата ѓубре, ви се смачува и од езерото, коментира граѓанинот кој ни ги испрати фотографиите.

Имено со проблемот со нерасчистеното ѓубре граѓаните се соочуваат среде туристичка сезона. Фотографиите се направени во С. Леуново. Граѓаните велат дека редовни ги плаќаат сметките, но никој не доаѓа да го расчисти ѓубрето, за чистотота во општината задолжено е ЈПКД Маврово.