дома Македонија СРЕДНИТЕ ШКОЛИ ДОЛЖАТ МИЛИОНИ ЕВРА: Околу 60 средни училишта од цела Македонија...

СРЕДНИТЕ ШКОЛИ ДОЛЖАТ МИЛИОНИ ЕВРА: Околу 60 средни училишта од цела Македонија должат речиси 7 милиони евра

Околу 60 средни училишта од цела Македонија должат речиси 7 милиони евра за режиски трошоци и за превоз на учениците. Тоа е повеќе од половина од буџетот за средно образование планиран за 2018 година, кој изнесуваше околу 12 милиони евра, пренесува порталот Факултети.

Вкупната сума за долгот на училиштата ја добивме откако ги собравме сите долгови што средните училишта ги пријавиле во Министерството за финансии. Таа изнесува 426.173.803 денари, или речиси 7 милиони евра. Најмногу должи средното медицинско училиште од Тетово – „Никола Штејн“ – 127.062.049 денари.

Во октомври беше усвоен Законот за финансиска поддршка на општините за отплата на заостанатите долгови. Заклучно со 30 септември минатата година електронскиот систем за евиденција на Министерството за финансии забележал стари пријавени достасани, а неплатени обврски во износ од 18,817 милијарди денари.